
Од вчера попладне поради огромното количество снег и бурните ветрови нема отворен пат од правец на Далмација кон внатрешноста на Хрватска, јавува порталот Индекс.
Голем број луѓе останаа заглавени во колоните, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн.
На терен се и спасувачите од ХГС С за да помогнат во извлекувањето на заглавените во снегот.
Покрај снегот, проблеми на возачите им прави и силниот дожд кој дува со брзина од околу 150 километри на час.
Полицијата апелира до граѓаните да не излегуваат на пат доколку е апсолутно неопходно.
Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска за денеска издаде црвено предупредување за Кварнер и подрачјето на Велебитскиот канал.
Подрачјето на Кварнер ќе биде зафатено од силно и многу силно, во првиот дел од денот, бурно невреме, со најсилни удари на ветер до 130 километри на час.
Налетите на бура се очекуваат и до 150 километри на час во областа на Велебитскиот канал.