Дали „Титаник 2“ ќе застари и Мијалков ќе се спаси? – Бубевски се надева дека судот брзо ќе донесе пресуда

Откако Апелација ги врати на повторно судење предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои меѓудругите е обвинет екс шефот на УБК Сашо Мијалков, реална е опасноста од застарување на делата.

И предметот „Титаник 2“ во кој исто така е осуден Мијалков застарува во април годинава, па тој може да се спаси од казната доколку дотогаш пресудата не стане правосилна.

Но, обвинителот Гаврбил Бубевски, кој застапуваше неколку случаи отворени од поранешно СЈО, се надева дека судот ќе донесе брза пресуда и дека ќе се спречи застарување на делото.

Бубевски во интервју за РСЕ: