Дали Таравари денес ќе пресече за коалицијата со ВРЕДИ?

Исто така, неименувани извори, во ДУИ потврдуваат дека со Таравари има разговори за многу теми, меѓу кои и за локалните избори, за кои Таравари истакна дека е заинтересиран за општините Гостивар, Боговиње, Врапчиште, Сарај, но и Струга.

Дека има проблеми во коалицијата ВЛЕН повеќе не е тајна. По случувањата во последните две недели, во јавноста веќе наголемо се говори дека раководствата на Демократското Движење, Движење Беса и Алтернатива оценуваат дека Таравари и АА веќе немаат место во коалицијата.

Некои медиуми пишуваат дека има предлози ВЛЕН да донесе одлука АА да си замине од коалицијата и да му се предложи на премиерот да ја отстрани партијата од Владата. Се очекува сето ова да се потврди во следните 10 дена.

Инаку, партијата на Таравари за денес закажа состанок на партиското Собрание. Со почеток во 13:00 часот се очекува Собранието да претседава во Гостивар, но вратите ќе бидат затворени за јавноста.

За потсетување, неодамна Таравари истакна дека не се согласува околу претставувањето на коалицискиот формат за локалните избори.

Имено, за разлика од другите партии во ВЛЕН, тој оценува дека на изборите сите четири партии од коалицијата треба да излезат со посебни листи за општински советници.

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, во четвртокот, на 3 април, на пат за Софија, Бугарија, каде што присуствуваше на форумот „Балкански форум III Процесот Акаба“, застана во Скопје каде се сретна со лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши и вицепремиерот Арбен Фетаи.

Претседателот Бегај  при враќањето во Албанија повторно застана во Скопје, каде се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Инаку, по несогласувањата во коалицијата, на 28 март, лидерите на партиите отидоа на ифтар кај премиерот на Косово, Албин Курти каде, според извори, лидерите побарале отчет од Таравари зошто и за што точно се сретнал со Али Ахмети.

Исто така, неименувани извори, во ДУИ потврдуваат дека со Таравари има разговори за многу теми, меѓу кои и за локалните избори, за кои Таравари истакна дека е заинтересиран за општините Гостивар, Боговиње, Врапчиште, Сарај, но и Струга.

Изворите потврдуваат дека за Таравари се разговарало и за „црвените линии“ во однос на албанскиот јазик. И покрај разговорите, претставници на ДУИ велат дека нема конкретен договор, како што додаваат „со Таравари никогаш не се знае до крај“.

Од друга страна, во јавноста се шпекулира дека ВЛЕН се обидува да најде и канали за комуникација со АА на Зиадин Села. Не се знае дали има посериозни разговори меѓу структурите на ВЛЕН и партијата на Села.

Во текот на наредната недела се очекуваат повеќе информации во оваа насока.