Дали се подготвува враќање на Груевски за денот на ВМРО, прашува Меџити?

За жал, се потврдуваат нашите сомнежи и прашањата што му ги поставивме на министерот за надворешни работи Бујар Османи дали тој и партијата што ја претставува, ДУИ, го подготвуваат враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски во Скопје на 23 октомври, Денот на ВМРО и дали го посетил Груевски во Будимпешта, лично или со неговото семејство. Одговорите се различни, дипломатски, камуфлирани, изјави претседателот на Демократското движење Изет Меџити прашан да ја коментира изјавата на Османи кој кажа дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да биде во Македонија за да се соочи со правдата.

„За жал, денеска се докажа дека поранешниот режим на ВМРО на чело со Никола Груевски е во соработка со ДУИ. Мислев дека во 2016 година се разделија, но сега излезе на површина дека тајно одржувале контакти, си помагале, а денес господинот Османи докажа дека работат на враќање на Груевски овде. Поради тоа го сменија Кривичниот законик, поради оваа причина зборуваат за закон за амнестија, само да бидат во функција на враќањето на Груевски“, изјави Меџити за Лајм.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да биде во Македонија за да се соочи со правдата.

„Од политички аспект, тоа е прашање за кое знам дека ќе биде злоупотребено, но од безбедносен аспект, да се има премиер кој бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, и тоа е во рацете на друга држава, ова не е добро за ниту една држава“, изјави Османи.

Притоа, рече тој, иницијатива за враќање на Груевски нема.

„Подобро е тој да биде тука и да се занимава со судските процеси што ги има. Ова би било најдоброто решение. Затоа го кажувам ова, аналитички. Но сета оваа фама за некаква комуникација е психолошки страв што ние не го разбираме“, рече Османи.