Бизнисменот Сеад Кочан е на предлог-листата за помилување. Од затворот „Идризово“ испратена е листата до министерство за правда. Велат, списокот со затвореници се уште се разгледува, шефот на државата ќе го има конечниот збор.
Затворот „Идризово“ предлага и намалување на затворската казна за Сеад Кочан за 6 месеци.
Информациите се дека во тек се консултации за листата чија финална верзија ќе биде испратена до Комисијата за помилување, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Бизнисменот Сеад Кочан беше осуден на 6 години затвор, бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ, вреден 17 милиони евра. Апелација му ја намали казната на 4 години и 8 месеци.