Дали Вучиќ ќе ја замени претседателската со премиерската функција?

Иако вели дека се надева оти нема да биде премиер по следните парламентарни избори, српскиот претседател Александар Вучиќ јасно остава отворена врата за враќање на чело на Владата.

Иако вели дека се надева оти нема да биде премиер по следните парламентарни избори, српскиот претседател Александар Вучиќ јасно остава отворена врата за враќање на чело на Владата.

Неговата одлука, како што самиот вели, ќе зависи од „истражувањата на јавното мислење“ и проценката дали Србија би одела во „погрешна насока“ без него.

Со истекот на вториот претседателски мандат и уставната забрана за нова кандидатура, се поставува прашањето дали Вучиќ се подготвува за контролирано преместување од претседателската функција назад во извршната власт, бидејќи СНС очигледно нема посилен кандидат за премиер.

Ако тоа се случи, Вучиќ ќе тргне по искуството на Путин, кој со Медведев си ги менуваа функциите премиер и претседател.