Универзитетскиот професор Борче Давитковски во најновото издание на Трилинг истакна дека, според него, ако двете водечки партии во Македонија од македонскиот блок не постигнат одреден концензус за овие стратешки цели и интереси, ние ќе тапкаме во место.
На прашањето дали можеби опцијата е формирање на широка или техничка влада која би била со мандат од 3 години со основен или главен приоритет да се протуркаат стратешките прашања и да се забрза процесот околу отворање и затворање на поглавјата со ЕУ, а притоа и да се протуркаат и уставните промен, тој одговори:
,,Јас мислам ако со помош на странците, бидејки очигледно кај нас тие многу може да влијаат, и на позиција и на опозиција, ако се постигне едно потпишуввање или еден општ стратешки концензус за стратешки прашања тогаш веќе е техника дали ќе биде поддршка на оваа влада , пример ВМРО да гласа за уставните измени, или за некои стратешки закони кои што ни се потребни за отворање на преговорите кои што во ноември треба да ги отвориме или пак да се иде на некоја експертска или концетрациона влада. Експерти независни во Македонија тешко да најдеме такви или пак од сите политички партии да бидат внатре, се со цел стратешкиот интерес” – вели Давитковски.
Според него, сите формално-правно се за евроинтеграција.
„Ќе го гласаат Уставот ако треба, формално бараат да влезе албанскиот јазик, формално како втор јазик, еве овие предмети што се завршени Монструм
и така натака да се прати до Европска, не ми е тоа јасно како би се извело до ЕУ и ЕУ да прати експерти да се преиспитаат предметите”.
Давитковски говореше и околу темата за изјавата на лидерот на Алијансата дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ е корумпирана.
Одговори на прашањето како сега ќе функционира триото Таравари, Ахмети и Ковачевски.
,,Кај нас во последните 20 години, отприлика политичкиве партии се борат за гола власт, своите партиски и лепачи плакати поддржувачи да ги удомат во јавната администрација, видовте веќе како балон, кога и да е ќе пукне бидејќи никој не прави реформи. Нема политичка волја ние да правиме сериозна реформа во јавниот сектор и едноставно и потоа нормално колачот се дели, разните министри и јавните набавки, корупција.. Сите оние негативни појави што сите ги констатираме и од странство кои што не сервираат и тие ги констатираме сите тие негативни појави и овие мува не ги лази, битно им е да земат гола власт” вели Давитковски.