Давитковски во најновото издание на Трилинг го оцени судењето во Стразбур. Тој појасни дека согласно Уставот член 84 претседателот има право да помилува согласно закон. Нема апсолутно право во секое време и секој дел од постапката да помилува некого.
На прашањето дали ова значи дека не постои правен основ за аболицијата поднесена од тогашниот претседател Иванов тој одговори:
,,Јас претпоставувам дека тоа е, бидејќи согласно како што рековте член 11, бидејќи тој е укинат, за тие тие и тие дела, претседателот не може да аболира односно да помилува.”
Според него предметите ќе си продолжат.
,,Секој од предметите во зависност од која фаза е ќе продолжат и понатака судењата ќе продолжат. Нема да се стопираат постапките. Оние што си имаат правосилни пресуди, некои што се во затвор и така ќе продолжуваат бидејќи нивните пресуди се активни” – истакна универзитетскиот професор.