Давид Сасоли е во болница од 26. декември
Давид Сасоли (65) – претседателот на Европскиот парламент е хоспитализиран во Италија поради лошата состојба на имунолошкиот систем, соопшти денеска неговиот портпарол. Во соопштението е наведено дека Сасоли се наоѓа в болница од 26. декември и дека поради тоа откажани се сите негови активности.
„Хоспитализацијата беше неопходна поради сериозни компликации по дисфункција на имунолошкиот систем“ – стои во соопштението.
Сасоли во септември имаше тешка форма на пневмонија, делумно се излекува, но неговата состојба повторно се влоши.