Османи лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно. Не само предлогот, туку и Протоколот не е влезен на главната врата во МНР, ниту низ архивата со деловодник и бројче како што заслужува. Мора да е влезен низ задна врата или од гаражата од каде што влегува министерот на работа, изјави дипломатот Зоран Дабиќ на протестот против францускиот предлог пред зградата на Собранието.
Тој истакна дека Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) енергијата ја насочувал кон подобрување на состојбите во МНР. Додаде дека дипломатскиот синдикат јакнел од ден на ден. И членовите на синдикатот и денеска, како што кажа, биле на протестот.
„Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно“, нагласи Дабиќ.