Италијански „Кориере дела сера“ објави дека Германија блокира 9 милијарди помош од Европска Унија за Украина.
Весникот се повикува на неименувани извори и наведува дека повеќе од еден месец е блокирана исплатата на значителна финансиска помош за Украина.
Според нив, официјален Берлин одобрил исплата само на првата транша од една милијарда евра.
Италијанскиот весник тврди дека германскиот министер за финансии Кристијан Линднер не одобрува Брисел да нуди толкава финансиска помош за Украина на сметка на заедничкиот европски долг.