Г7: Русија е единствената пречка за праведен мир во Украина

Москва останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина, објавија денеска учесниците на самитот на земјите-членки на Г7 во декларацијата по повод 1.000 дена од руската инвазија на украинска територија.

И лидерите на членките на Г7 (Франција, САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Германија и Италија) во оваа прилика потврдија „цврста поддршка за Украина колку што е потребно“.

-Остануваме солидарни за да придонесеме во борбата за суверенитет, борбата за слобода, независност, територијален интегритет и обнова на Украина. Русија останува единствената пречка за праведен и траен мир. Г7 повторува дека ќе продолжи да биде посветена кога ќе и наметне високи трошоци на Русија преку санкции, преку контрола на извозот и други ефективни мерки. Остануваме солидарни со Украина, се вели во соопштението на Италија, која оваа година претседава со групата Г7.