Г7: Русија да го избере патот на дипломатијата, да ги намали тензиите!
Шефовите на дипломатиите од земјите кои се во Г7 денеска ја повикаа Русија да ги намали тензиите околу Украина и соопштија дека не гледаат докази дека Москва ги намалува воените активности во близина на украинската граница.
„Ја повикуваме Русија да го избере патот на дипломатијата, да ги намали тензиите, суштински да ги повлече воените сили блиску до украинската граница и целосно да ги почитува меѓународните обврски“ се вели во соопштението кое во име на сите земји од Г7 го објави британското Министерство за надворешни работи.
Г7 очекува Русија како прв чекор да го спроведе најавеното намалување на воените активности долж украинската граница.
„Сè уште не видовме докази за намалување на овие активности“ – наведоа министрите за надворешни работи.
Ја потврдија и „солидарноста со народот на Украина и поддршката за напорите на Украина да ја зајакне својата демократија и институции“.