Г7 на итен самит: Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно

Познат е првиот заклучок од итниот самит на Г7, кој се одржа денеска.

Лидерите на земјите-членки на Г7 ветија дека ќе ја поддржат Украина онолку колку што е потребно. Лидерите практично се сретнаа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во нацрт-изјавата што ја објави Блумберг, Г7 вети дека ќе продолжи да обезбедува финансиска, хуманитарна, воена, дипломатска и правна помош за Украина, пренесе Индекс.хр.