Гутереш: Светот не може да си дозволи воена конфронтација меѓу Индија и Пакистан

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик, изјави дека Гутереш е „многу загрижен“ за индиските воени операции преку Линијата на контрола, што е де факто границата меѓу делови од Кашмир под контрола на Индија и Пакистан, како и преку меѓународната граница на двете земји, објави „Гардијан“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на максимална воена воздржаност и од Индија и од Пакистан и нагласи дека „светот не може да си дозволи воена конфронтација“ меѓу двете земји.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик, изјави дека Гутереш е „многу загрижен“ за индиските воени операции преку Линијата на контрола, што е де факто границата меѓу делови од Кашмир под контрола на Индија и Пакистан, како и преку меѓународната граница на двете земји, објави „Гардијан“.

„Генералниот секретар е многу загрижен за индиските воени операции преку линијата на контрола и меѓународната граница. Тој повикува на максимална воена воздржаност од двете земји“, рече портпаролот.