Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја изрази својата загриженост поради „драматичната ескалација“ во Бејрут и порача дека циклусот на насилство во регионот мора веднаш да се прекине.
„Генералниот секретар е сериозно загрижен поради драматичната ескалација на ситуацијата во Бејрут во изминатите 24 часа. Овој циклус на насилство мора да заврши сега и сите страни да се повлечат од работ“, наведе портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик, објавено е на веб-страницата на ОН.
Според генералниот секретар, народот на Либан, Израел и на целиот Блиски Исток како целина не можат да си дозволат војна во полн размер, се додава во соопштението.