Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, синоќа, на отворањето на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации, повика на „солидарност“ и „соработка“ пред повеќекратните предизвици на „светот во ризик“, пренесоа светските агенции.
„Ние се соочуваме со светот во опасност преку целата наша работа за промовирање на мирот, човековите права и одржлив развој. Од конфликти до климатски промени, до уништени финансиски системи што ги разочаруваат земјите во развој, до сиромаштија, нееднаквост и глад, до поделеност и недоверба. Соочувањето со овие предизвици бара постојана солидарност, соработка и градење консензус и решенија“ – потенцираше Гутереш.
Од следниот вторник, зад говорницата на Генералното собрание на најголемиот годишен светски собир ќе се наредат десетици шефови на држави и влади од целиот свет.