Гутереш: Мажите да не ги исклучуваат жените од мировните преговори во светот!

„Мажите мора да престанат да ги исклучуваат жените од мировните преговори во светот“.

Ова е пораката на генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш кој предупреди дека во конфликти како што е руската инвазија на Украина, ситуацијата „се враќа наназад“.

„Недоволната застапеност на жените во таквите преговори од Украина до Авганистан, Мјанмар и Мали покажува „како трајните нерамнотежи на моќ и патријархатот продолжуваат да нè водат кон неуспех“ вели Гутереш.

На посебен состанок на Советот за безбедност, тој коментираше дека правата и слободите на жените се намерно прекршени во овој поглед. Но, „правото на жените на еднакво учество на сите нивоа е од суштинско значење за градење и одржување на мирот“.

Гутереш смета дека руската инвазија на Украина принудила милиони жени и деца да ја напуштат земјата „ставајќи ги на висок ризик од трговија и експлоатација од секаков вид“.

„Жените кои избрале да не се евакуираат сметаат на здравствена заштита и социјална поддршка. Затоа, нивните ставови се „критични за разбирање на динамиката на конфликтот“ и го прават нивното учество „суштинско за решавање на конфликтите“ – додаде Гутереш.