Антонио Гутереш – генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го повтори апелот за прекин на конфликтот и продолжување на преговорите меѓу Русија и Украина.
„Го повторувам мојот повик за итен прекин на насилството, за непречен пристап до хуманитарна помош за сите на кои им е потребна, за безбедна евакуација на цивилите заробени во борбените области и за итна заштита на населението и почитување на човековите права во согласност со меѓународните норми“ рече Гутереш.
Тој нагласи дека овој дека конфликт однесе илјадници животи и поради него се раселени милиони луѓе, а дека војната „резултираше со неприфатливо кршење на човековите права и поттикна тродимензионална глобална криза во храна, енергија и финансии, што најмногу ги погоди ранливите луѓе, земји и економии.
Гутереш рече дека ОН се „посветени на хуманитарните напори“ и дека на крајот ќе бидат неопходни преговори и дијалог за решавање на конфликтот.
„Колку побрзо страните се вклучат во дипломатски напори и добра волја да се стави крај на оваа војна, толку подобро за Украина, Русија и светот“ смета тој.