
Гулит: Меси, Пеле и Марадона се најдобрите играчи во историјата на фудбалот
Поранешниот холандски репрезентативец Руд Гулит денеска изјави дека Лионел Меси, Пеле и Диего Армандо Марадона се најдобрите играчи во историјата на фудбалот, пренесува шпанскиот спортски весник „Марка“.
„Меси имаше огромен притисок да го освои Светското првенство во Катар. Тоа беше неговата последна шанса и успеа. Меси, Пеле и Марадона се најдобрите играчи во историјата на фудбалот”, изјави Гулит.
Тој истакна дека е импресиониран од игрите на францускиот фудбалер Килијан Мбапе.