Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска со концерт во Софија

„Балканско патување“ претставува музичко-истражувачки проект, во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот, а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање нови композиции со гудачки квартет.

Во рамки на претставувањето на музичкиот проект „Балканско патување“, гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска, денеска ќе одржи концерт во галеријата на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија.

Како што е најавено, ќе настапат Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите се на Пламенка Трајковска.

„Балканско патување“ претставува музичко-истражувачки проект, во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот, а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање нови композиции со гудачки квартет.

-Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет – виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, како и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика, кои имаат само еден наслов: Балканска композиција, вели Пламенка Трајковска.

Концертот е со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија.