Грчки министер за надворешни: Грција не моли, бара спроведување на договорот

Грција бара, а не дава – Грчките власти се повикуваат на Преспанскиот договор и бараат негово почитување за употребата на името, но не гледаме исполнета обврска од нивна страна.

Грчкиот министер за надворешни работи Герапетритис по заклетвата на претседателката Силјаноска Давкова побара почитување на спогодбата. Но, кога станува збор за меморандумите коишто Грција треба да ги ратификува, министерот вели ќе ги ратификувале кога ќе дојдел вистинскиот момент .

Ниту една од двете држави не може еднострано да го ревидира овој договор. Значи, дури и кога не се согласува со она што е вклучено во договорот, мора да го спроведе. Сакам особено да укажам на различниот институционален третман во двете држави“. „Ќе ги донесеме во собранието, повеќепати сум кажал, кога ќе биде клучното политичко време, односно кога грчката страна ќе се увери дека има целосна усогласеност. Затоа што сите знаеме дека има точки што соседната земја не ги почитувала, рече Јоргос Герапетритис

Поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани, пак е на ставот дека трите меморандими кои произлегуваат од Преспанскиот договор, требало да се изгласаат порано. Таа повика дека на одговорност во Владата во однос на несогласувањата околу гласањето на меморандумите кои се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите.

„Мораме да гласаме за меморандумите за соработка. Можевме да го направиме тоа порано. Да се ​​прифати оваа критика. Кога ќе се формира влада во Скопје, реалноста ќе им падне на глава и ќе сфатат дека се што кажале пред избори е свеж воздух, рече Дора Бакојани.

Додека Македонија беше „послушна“ и ги исполнуваше сите желби на Грција , тие не исполнија речиси ништо. Владата на Заев почна со преименување на сите инстуции. Веќе нема Македонска филхармонија, Македонска опера и балет, Македонска пошта, Електрани на Македонија.

Власта во заминување брзаше да го имплементира договорот, иако во него роковите кои се наведени предвидуваат нивна имплементација, ама откако Македонија ќе отпочне да ги отвора соодветните поглавја во преговрите со Европската Унија.

Една од обостраните оврски на Договорот од Нивици е дека двете страни ќе ги подобрат и модернизираат постоечките гранични премини, а дека исто така ќе градат и нови гранични премини. Обврската за отворањето на граничниот премин кај Преспа, Маркова нога – Герман требаше да е завршена до сега со цел поттикнување на туристичка и трговска размена меѓу државите. Македонија го исполни ветувањето, до граничниот премин води пат кој е во добра кондиција , но од грчка страна нема абер за оваа обврска.