Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун.
Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун.
– Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура. Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата на медиумските работници кои ќе одат во Солун, објави Ора њуз.
Според албанските новинари, грчката гранична полиција не им дозволила да поминат без да добијат овластување од грчкото МНР.
– Во меѓувреме во Солун веќе се пристигнати припадници на албанската национална гарда и специјалната единица „Ренеа“, кои заедно со грчката полиција ќе се грижат за обезбедување на настанот, наведува телевизијата.
Средбата во Солун е закажана за 11 часот, а грчките десничарски екстремистички групи најавиле дека ќе протестираат пред салата каде што ќе се одржи средбата на премиерот Рама со албанската дијаспора.