
Грчкиот пратеник кој вандализираше уметнички дела, казнет со кратење на половина од платата
Со кратење на половина од месечниот приход во Парламентот, казнет е пратеникот од грчката радикално десничарска партија Победа, Николаос Пападопулос поради вандализмот во Националната галерија, соопшти собранискиот спикер Никитас Какламанос.
Со кратење на половина од месечниот приход во Парламентот, казнет е пратеникот од грчката радикално десничарска партија Победа, Николаос Пападопулос поради вандализмот во Националната галерија, соопшти собранискиот спикер Никитас Какламанос, јави дописничката на МИА од Атина.
Пратеникот во понеделникот оштети четири уметнички дела на изложба поставена во Националната галерија , бидејќи смета дека е богохулење.
Заедно со уште едно лице насилно ги отстраниле делата од ѕидот и ги фрлиле на подот при што се скршило заштитното стакло.
На денешната седница на Парламентот, претседателот Какламанис го осуди вандализмот и соопшти дека врз основа на Деловникот, пратеникот ќе биде казнет со кратење на половина од месечните приходи.
Какламанис објасни дека е дисциплинска мерка „за прекршување на обврската за заштита на престижот на Парламентот од страна на пратеникот Николаос Пападопулос, што е обврска на сите пратеници во грчкиот Парламент и е осуда за антипарламентарно однесување“.