Грција: Прекинувањето на односите со Израел нема да биде од корист за мировниот план

Во овој момент, прекинувањето на односите со Израел нема да биде од корист за мировниот план, рекол висок грчки дипломатски извор за државната агенција АНА-МПА во однос на дискусијата во ЕУ за суспендирање на односите со Израел, јави дописничката на МИА од Атина.

Истиот извор посочил дека „сега е време да се изградат мостови“, додавајќи дека „одговорност ќе има кога ќе дојде време и ќе биде во согласност со меѓународното право“.

Дополнително, објаснил дека Грција се мобилизирала на многу нивоа за да обезбеди итна помош во голем обем, но и дека „прв приоритет е итно прекинување на непријателствата“.

Во однос на електричното поврзување меѓу Грција, Кипар и Израел истиот извор нагласил дека проектот ќе се заврши и ќе биде „под услови што нема да ја поткопаат ниту грчката безбедност, ниту меѓународната регионална безбедност“.