Грција од 15. март го укинува PLF формулар за влез во земјата
По 15 март соседна Грција го укинува формуларот PLF (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во земјата, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи.
Министерот за туризам на Грција – Василис Кикиљас соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолзи од Министерството за здравство, од 15. март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Passenger Locator Form (PLF) за сите посетители од сите земји за влез во Грција“.
Тамошната здравствена Комисија предложила да се зголеми од 85 на 100 отсто капацитетот на туристичките автобуси.