Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачите
Машиновозачите во Грција утрово започнаа 24-часовен штрајк поради отпуштањето на тројца нивни колеги од компанијата „Хеленик Трејн“, со што возовите во земјата денеска нема да сообраќаат, јави дописничката на МИА од Атина.

Од синдикатот на машиновозачи на Грција соопштија дека компанијата „без никакво предупредување во август отпушти тројца искусни машиновозачи“ кои, според нив биле со над 42 години стаж и со здравствени проблеми.
– Во исто време со отпуштањето вработени, „Хеленик Трејн“, компанијата што е субвенционирана со над 50 милиони евра годишно од грчката држава, според својата омилена тактика, ги принудува машиновозачите да работат прекувремено (да работат во денови за одмор), додека на дел од персоналот не им ги додели редовните одмори за 2024 година, соопштија од синдикатот.
Паралелно ја повикуваат компанијата да ги повлече отпуштањата.