Грција ги укина речиси сите епидемиолошки мерки
Од денеска соседна Грција ги укинува речиси сите епидемиолошки мерки против коронавирусот.
Останува на сила само задолжителното носење маски во затворени простории, а информациите се дека таа мерка ќе биде на сила најмалку до крајот на мај, пишува весникот „Катимерини“.
Веќе не се потребни сертификати за вакцинација, негативни ПЦР тестови, ниту за во ресторани, кафулиња или културни институции.
Останува на сила мерката дека вработените во здравствените установи мора да се тестираат со брз антиген тест двапати неделно, додека во училиштата и некои други установи оваа обврска ќе се намали на еднаш во седум дена.
Многу земји во регионот ги олеснија мерките за заштита од коронавирусот.
И во соседна Бугарија од денеска може да се патува без ковид сертификат.