Грците се против Русија во војната со Украина

Анкетите покажуваат дека 7 од 10 Грци се против Русија во војната со Украина, а само 14 проценти ја поддржуваат официјална Москва.

Вакви резултати покажало истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron analysis“ за грчката телевизија „Мега“.

Најважните проблеми во земјата, според анкетираните, се покачувањето на цените и економијата, а 39 проценти од испитаницте сметат дека одговорноста е на Владата.

Разликата меѓу Нова демократија и СИРИЗА е 8,2 отсто во полза на владејачката партија, а премиерот Кирјакос Мицотакис со 34 отсто е „најсоодветен за премиер“.

Истражување е спроведено меѓу 17 и 23 мај со анкетирани 1.300 лица.