Дури 85% од Грците најмногу се загрижени поради поскапувањата на цените, а речиси половина од анкетираните се загрижени за грчко- турските односи. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за грчката телевизија „Антена“
Во однос на сценаријата за предвремени избори во земјата на есен, 67,3 отсто оценуваат дека ќе има избори на есен.
Нова демократија, според резултатите од анкетата, има подобар рејтинг од опозициската СИРИЗА со разлика од 10 отсто.
Истражувањето на јавното мислење било спроведено од 22 до 25 јуни со вклучени 1.059 лица.