Грушко: Политичко харакири би било ако Србија воведе санкции кон Русија

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Москва би била разочарана доколку Србија воведе санкции против неа и дека е убеден дека секоја влада која се води од националните интереси нема да врши политичко харакири со воведување санкции против неа.

„Би бил неискрен ако кажам дека ќе бидеме рамнодушни кон тоа Србија да ни воведе санкции. Секако дека би биле разочарани, изјави Грушко како одговор на тврдењето на новинарот дека во дел од јавноста во Србија постои наратив дека, дури и ако Белград воведе санкции, Русија треба „да не разбере дека не можевме да направиме поинаку, пренесува агенцијата Бета.

Според него, „кога Западот воведува санкции против нас, тие всушност воведуваат санкции против себе”.

-Сите знаат за тажната состојба во енергетскиот сектор, дури и во сферата на прехранбената безбедност. Ова е токму резултат на санкциите кои ја влошија и онака критичната состојба како последица на пандемијата“ – рече Грушко.