Срспкото Министерство за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција со информации дека за изборниот ден во недела се подготвуваат повеќе групи мотивирани и организирани од политички партии, но и од странски фактор кои ќе се обидат да ги компромитираат и да го спречат одржувањето на изборите.
„Имаме информации дека ќе се обидат да упаднат во избирачки места, да кршат кутии, да покажат фалсификувана изборна документација и за тоа ќе бидат подготвени и организирани, и значително ќе им помогнат многу служби од нашето опкружување“ – изјави министерот на полицијата, Александар Вулин.
Тој кажа дека уште од сега постојат списоци на криминалци кои треба да влезат во Србија и да помогнат во спречување на нормалното одржување на изборите.
„МВР, БИА и целиот безбедносен апарат на оваа држава нема да дозволат така да помине изборниот ден и нема да дозволат никој да си поигрува со слободно изразената народна волја. Ги предупредуваме оние што го организираа ова, оние што го планираат ова, дека знаеме каков е планот и организацијата, декаа знаеме кој треба да им помогне и дека би било многу подобро да се откажат“ – посочи Вулин.