Група рудари се заглавени во рудникот „Трепча“ на Косово
Претседателот на Синдикатот на рударите „Трепче Југ“, Ибрахим Јонузи изјави дека десетина рудари од околу 40 заглавени во рудното окно успеале да излезат, а 30 од нив чекаат да се санира електричната грешка во лифтот.
„Поради електричен дефект во лифтот од 03:00 часот изутрината таму се 40-тина рудари, од нив 10 заминале преку други излези, додека уште 30 се очекува наскоро да заминат. Екипите на итната помош, мобилните екипи, полицијата се таму. Верувам дека сите ќе излезат многу брзо“, изјави Јонузи за приштинските медиуми, пренесува РТС.
Јонузи додаде дека рударите се загрижени, а нивната здравствена состојба е стабилна.