Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби нема да бара апанажа, тој се враќа назад на своето старо работно место – на Тетовскиот универзитет каде предава на Факултетот за новинарство.
На Клиниката за дигестивна хирургија се враќа екс шефот на дипломатијата, Бујар Османи.
Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, екс министрите за финансии односно економија засега не се одлучиле дали ќе побараат апанажа, исто како и поранешниот министер за правда, Кренар Лога.
Досега само екс министерот Јетон Шаќири побарал апанажа, а неговиот чекор го следи и екс вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Екс вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска веќе се вратила на старото работно место во МВР, исто како и екс министерката за животна средина – Каја Шукова.