Груби: Јас дриблам, а градоначалникот на Тирана даде гол со пета

Вицепремиерот Артан Груби објави фотографии видео на кое во Министерството за политички систем со кое раководи, заедно со другите министри од ДУИ, се рекреираат со фудбал и кошарка во неговата канцеларија.

На снимката се Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини. Антистрес терапија по долгиот ден – напиша Груби на Фејсбук.

– Во врска со фотографиите од вчера, ако тоа толку длабоко задира во вашите чувства, јас ви се извинувам затоа што игравме фудбал и баскет. Јас сум спортски тип, согласно реорганизацијата на органите на државната управа, Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем. Но многу ми е интересно затоа што нема амбасадор кој дошол кај мене, а не шутирал кај мене. Тоа не беше скандал, ова е таа хистерија за селективна правда, само да се дефокусира од нешто. Дојде градоначалникот на Тирана, со пета даде гол. Јас дриблам – рече Груби.