Пушката топ нека им стане, но оваа работа не застапува, порача првиот вицепремиер и координатор за изградба на коридорите 8 и 10-д, Артан Груби на социјалните мрежи.
„Како што и реков: пушката топ нека им стане, но оваа работа НЕ ЗАСТАНУВА! Собранието ги изгласа сите закони за побрза и поевтина изградба на Коридорот 8 и 10-Д! Им благодарам на пратениците и граѓаните за големата поддршка на најголемиот проект во историјата на државата!“, напиша Груби.
Пораката од првиот вицепремиер дојде откако Собранието на денеска ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10-д.