Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби изјави дека е почестен што првпат станал член на претседателството на ДУИ чиј нов состав беше избран на седницата на партискиот Централен совет што се одржа викендов во Тетово.
„Јас од Конгресот од 2019 година веќе не сум организациски секретар, и мноу сум радосен, им благодарам на сите членови на партијата што првпат ме избраа за член на претседателството на ДУИ, затоа што досега учествував само по автоматизам како шеф на кабинет на претседателот Али Ахмети затоа сум почестен да бидам член на претседателството, рече Груби.
Според него, седницата се одвивала во одлична атмосфера во ДУИ и во најдобар можен ред, а партијата, вели, е единствената не само во земјава, туку во целиот регион што директно ја пренесува целата седница на својот Централен совет и секој еден граѓанин преку медиумите можел да следи како се одвивала.
Тој избегна да каже дали се можни промнени во министерските позиции од редот на ДУИ во Владата.