Груби не правел ниту една работа без одобрение на Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС. Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ.
Ахмети и Груби, ја користеа моќта да глумат шерифи и да си ја водат државата како да е во нивна сопственост. Затоа и граѓаните ги казнија на изборите, а и по новите анкети се гледа дека уште долго ќе бидат во опозиција. Доаѓа време на правда и одговорност мора да има!“ порачаа од владејачката партија.