Артан Груби – шефот на кабинетот на Али Ахмети денеска пред медиумите ги коментираше последните случувања во ДУИ, откако неговото име многупати беше споменувано од „огнената група“
„Нема раскол во ДУИ. Па нели видовте вчера дека сите беа построени позади Али Ахмети. ДУИ може да функционира и без мене“ изјави денеска Груби на новинарско прашање откако претходно „огнената група“ побара промени во партијата, а лидерот Ахмети изјави дека партијата може без секого.
„Не само ДУИ, која било партија, која било институција, кој било општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти. Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој нѐ гласал. Сите достигнувања на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година“ – рече Груби.