Груби: Клучот на успехот на ДУИ е што сите овие години е доследна на основачките принципи и заложби

Демократската унија за интеграција на 5. јуни полни 20 години од основањето. Речиси исто толку години се на власт. 

Организацискиот секретар на партијата и член на Генералниот совет – Артан Груби кој е прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во интервју за Нова тв вели дека клучот за успехот на партијата е во тоа што партијата сите овие години останала доследна на основачките принципи и заложби. 

„ДУИ се потпира на принципите на која е формирана и истите ги почитува. Показател за ова што го говориме се победите на сите изборни циклуси до сега, показател е и спроведувањето на Охридскиот договор, интеграцијата во НАТО и ЕУ, целосно спроведување на програмите ветени пред граѓаните, итн. Од оваа перспектива, можеме да ветиме дека и во иднина ќе ги почитуваме принципите и ќе работиме во интерес на граѓаните“ вели тој. 

Груби меѓудругото вели дека клучот за успехот на партијата „е иновативност или креација во програмите“. 

Во врска со „Зелената агенда“ на ДУИ тој вели: 

„Зелената агенда што ДУИ ја промовираше е од исклучителна важност за целото општество. Ние како политички чинител ќе останеме посветени на ова ветување бидејќи сметаме дека тоа е едно од главните барања на граѓаните. Зелената агенда значи квалитетен живот, чист воздух, чиста околина, модерни патишта. железници, гасификација, подобри училишта, градинки, итн. Нашите почетоци се со нашите напори за еднаквост и правда преку имплементација на Охридскиот Договор, па потоа за внатрешна, регионална и евро-атлантска интеграција, па се до денес кога започнуваме со Зелената развојна агенда затоа што првите две цели веќе ги заокруживме. Зелената агенда треба да биде поттик и стремеж и на сите други политички партии кои што барат доверба од граѓаните. Како потсетување за ова што го говориме е одлуката за прогласување на Шар Планина за национален парк. Од оваа перспектива ќе ветиме дека прогласувањето на Шар Планина за национален парк е само еден од низата проекти кои се во нашата агенда“. 

Во врска со процесот на подмладување , Груби потенцира: 

„Постојано работиме на развој, обука и подготовка на млади кадри кои треба во иднина да продолжаат да работат со уште поголема посветеност, одговорност и чесност, а во насока на подобар животен стандард и подобри услови за живот на сите. Во контекст на ова, сакам да додадам дека ДУИ е во постојано реформирање. Како податок за оваа наша постапка која е во контунитет се и новите претседатели на ограноци, односно 98 проценти нови претседатели на ограноци, од кои 49 проценти се жени“.