Груби: За нас е прифатлив секој мандатар кој ќе го предложат од СДСМ

Артан Груби – првиот вицепремиер денеска рече дека ДУИ се уште е на истиот став дека Зоран Заев треба да остане на позицијата премиер се додека не се стабилизира парламентарното мнозинство, и додека не заврши процесот на реконструкција на Владата. За коалицискиот партнер на СДСМ, смета тој, дека е прифатлив кој и да е мандатар предложен од партијата која се уште ја води Заев.

„Зошто не би бил прифатлив нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на СДСМ, кого и да изберат тие за претседател, кого и да го предложат за мандатар секако“ изјави Груби.

За влезот на Алтернатива во Владата Груби смета дека по правило „сите отстапуваат места коишто ги имаат дотогаш“.

„Ние всушност во Владата отстапивме од МИОА, но го добивме ресорот земјоделие, којшто е многу голем и каде што имаме многу, многу значајни проекти, коишто ги имаме зацртано во нашата програма и за коишто ни е многу значајно да ги имплементираме“ – посочи Груби.