Груби до ВРЕДИ: Немате сила ниту знаење, туку само да им служите на ВМРО

-Немате сила! Ниту знаење, ниту храброст, но уште поважно, ја немате волјата на Албанците, туку ја имате милоста на ВМРО и желбата да се потчинувате и да им служите, порача Груби до членовите на коалицијата ВРЕДИ.

Членот на ДУИ, Артан Груби го осуди насилството и палењето знамиња кое се случи во изминатите неколку дена, а почна на прославата на денот на албанското знаме. Вели дека го осудува и институционалното поттикнување на тензии и селективнатa моноетничка правда. Сепак, демантира каква било негова наводна, како што вели, монструозна и пропагандистичка поврзаност со настаните од 28 ноември и сквернавењето на македонското знаме.

-Немате сила! Ниту знаење, ниту храброст, но уште поважно, ја немате волјата на Албанците, туку ја имате милоста на ВМРО и желбата да се потчинувате и да им служите, порача Груби до членовите на коалицијата ВРЕДИ.

Поранешниот вицепремиер, исто така најави и тужби за изнесените обвинувања.

-Срамот што си го наметнавте на себе и на вашите семејства не се покрива со никаква клевета, затоа, согласно законот, очекувам извинување од клеветникот во рок од 24 часа, во спротивно ќе го тужам за откривање на неговите лаги кои им се секојдневие, додаде Груби.

Денеска преку прес-конференција, од ВРЕДИ објавија две фотографии од дел од уапсените млади лица, а на едната се гледа како еден од приведените е сликан заедно со членот на ДУИ, Артан Груби. Членот на коалицијата и вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи порача дека ДУИ за чисто лични интереси ги користи младите како „топовско месо“, само за да ја избегнат правдата што ги чека. Тој повика на намалување на тензиите и забрана на говорот на омраза, бидејќи тоа се како што рече, пречки за мир и напредок.