
Првиот вицепремиер Артан Груби синоќа на ТВ21 рече дека треба да се отвори сеопфатна дебата за, како што вели, надминување на повеќе недостатоци во Уставот при неговото идно отворање.
Според министерот за политички систем, треба да се помести цензусот за референдумот, да се размисли и за недоразбирањата околу конституирање на Собранието, да се тргне терминот „20 отсто“, како и да се внесат Бугарите во Уставот, како и претседателот на државата да се гласа во Собрание.
Но за тоа вели дека е потребен консензус од сите партии, универзитети иексперти. Побара да се отвори една ваква дебата и процесот да се води во Собранието.
„Како ДУИ бараме конечно после 20 години сериозно да се анализираат сите недостатоци во Уставот, бараме да се отвори Уставот и да се разговара за сите недостатоци, не само за бугарските барања, туку за многу други предлози“, рече Груби.