Гром убил дете во Црна Гора

Доцна попладнето, во селото Краденик, кај Бијело Поље (Црна Гора) во удар на гром загина деветгодишниот А.Ф., додека едно женско лице е повредено, но не побарало лекарска помош, јавуваат тамошните медиуми

Информациите од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на Црна Гора се дека момчето починало додека вршело земјоделски работи.

Веднаш по веста за ударот на гром, на местото на трагедијата пристигнала екипа на итната помош, но лекарите констатирале дека детето било без знаци на живот, па реанимацијата која следела не помогнала.