Гром оштети фрагменти од триумфалната капија на Константин во Рим

Громот што го погоди античкиот лак на Константин во близина на Колосеумот во Рим за време на невремето во вторникот оштетил делови од античката градба, соопшти денеска Археолошкиот парк – Колосеум.

Како што се додава, проценката на штетата продолжила и денеска, а паркотехничарите „брзо реагирале“ и скршените делови ги однеле „на безбедно место“, пренесува агенцијата „Анса“.

Триумфалната капија била изградена во 315 година за да ја одбележи победата на Константин, првиот римски император кој го прифатил христијанството, над неговиот ривал Максенциј три години претходно во битката кај Милвискиот мост. Таа е најголемата и најукрасена со скулптури триумфалната капија на антиката.

Ударот на гром се случи за време на бура која собори дрвја и донесе дожд што ги поплави улиците на Рим.

Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека во вторникот во Рим наврнале 60 милиметри дожд за помалку од еден час, колку што паѓа за еден месец во овој период.