Грлиќ Радман: Земјите од Западниот Балкан треба да промовираат регионалната стабилност и добрососедски односи

На земјите кандидати за членство од Западниот Балкан им ги пренесовме нашите очекувања за нивно усогласување со вредностите, политиките и принципите на ЕУ, преку промоција на регионалната стабилност и добрососедските односи, изјави денеска во Луксембург хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

Во изјавата пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, шефот на хрватската дипломатија  оцени дека од клучно значење е намалување на тензиите во Босна и Херцеговина и почитување на нејзината Уставна рамка.

– Рамноправноста на трите конститутивни народи е единствениот начин за демократски просперитет и стабилност на Босна и Херцеговина. Во тие рамки клучен приоритет е реформата на изборното законодавство, додаде Грлиќ Радман.

Во пресрет на денешниот Совет, синоќа во Луксембург се одржа неформална вечера на шефовите на дипломатиите од земјите членки на ЕУ и од државите од Западниот Балкан, на која фокусот на дискусиите беше на безбедноста и одбраната и на која присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.