Грковска: Османи да каже како е вработена Бесмира Ејупи во МНР

„Министерот Бујар Османи е должен да ја информира јавноста дали 28-годишната Бесмира Ејупи е вработена во македонското МНР и зошто била избрана за таква позиција“, за Дојче Веле објаснува Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење.

„Според членот 9 од Кодексот за етичко однесување на членови на Владата, Османи е должен да одговара на прашања на јавноста за аспекти од работењето на институцијата со која раководи. Министерот за надворешни работи има обврска да биде транспарентен и да ја информира јавноста дали таа личност е вработена во институцијата, во каква постапка и зошто е токму таа избрана за таа позиција“ – вели Грковска за „ДВ“.

Всушност, ако вицепремиерката Грковска не добие одговор од МНР, таа е должна да преземе мерки согласно етичкиот Кодекс.