Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец

„Постои потреба веднаш да се спроведе темелна и независна истрага за овој инцидент. Сите треба да знаеме кој го направил тоа и зошто“, напиша Гренел на својот X профил.

Поранешниот американски претставник за Западен Балкан, Ричард Гренел, соопшти дека итно е потребна темелна и независна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец, јави дописникот на МИА од Белград.

„Постои потреба веднаш да се спроведе темелна и независна истрага за овој инцидент. Сите треба да знаеме кој го направил тоа и зошто“, напиша Гренел на својот X профил.

Во објавата тој ја сподели веста за експлозијата на каналот и за зајакнувањето на безбедносните мерки.

Во селото Вараге кај Зубин Поток во петокот вечерта дојде до експлозија во која беше оштетен каналот Ибар-Лепенец, поради што е прекинато водоснабдувањето, а Приштина го обвини Белград за нападот.