Американската амбасада во Приштина синоќа соопшти дека е длабоко разочарана од едностраните, некоординирани дејствија на Владата во Приштина против филијалите на „Поштата Србија“ на северот од земјата.
Некоординираните акции на Косово ги ставаат косовските граѓани и војниците на КФОР во поголем ризик, непотребна ескалација на регионалните тензии и го поткопуваат угледот на Косово како доверлив партнер, се вели во соопштението на амбасадата објавено на платформата „Икс“.
Jeff, my friend and former colleague, this is another strongly worded letter.
You are tougher than this.
Your strongly worded letters aren’t working.
I realize the current White House ignores the Balkans and Kamala Harris doesn’t know where the Balkans are…but this is… https://t.co/rKLup7CUAa
— Richard Grenell (@RichardGrenell) August 5, 2024
Ричард Гренел, поранешен специјален пратеник на американскиот претседател за преговори меѓу Белград и Приштина, му се обрати на Џефри Ховениер, американскиот амбасадор во Приштина на социјалната мрежа „Икс“.
– Драг пријател и колега Џеф, уште едно грубо писмо. Сепак, ти си потврд од ова. Вашите груби писма не функционираат очигледно. Разбирам дека сегашната администрација на Белата куќа го игнорира Балканот, Камала Харис и не знае каде е, но тоа е неприфатливо. Албин Курти е проблем и сите го знаат. Многу членови на администрацијата на Бајден/Харис и европски претставници се премногу слаби. Имате начин да санкционирате – направете го тоа пред да ескалира, напиша Гренел на мрежата Х.