
Граѓанскиот суд ќе им ги признае електронските државјанства на независните за регистрирање партија
„Шанса за Центар“ и независните од Карпош и од Гази Баба најавија дека ќе формираат партија за заеднички настап на локалните избори, a велат дека остануваат отворени за идејата кон субјектот да се приклучат и други граѓански активисти и иницијативи од целата држава. За формирање политичка партија потребни се 1.000 граѓански потписи.
Државјанствата издадени преку порталот uslugi.gov.mk се валидни, одлучи Основниот граѓански суд Скопје, откако претходно тврделe дека нема да ги признаваaт електронски државјанства при собирање потписи за регистрирање партија и барале печатени документи извадени лично од Управата за водење матични книги.
Така барем тврдеа „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош“ и „Зелените од Гази Баба“ кои барајќи информации за процедурата за собирање потписи за регистрација на политичка партија, дознале дека Судот за 1.000 потписи ќе им бара 1.000 државјанства во оригинал или заверени на нотар.
Откако случајот доби медиумско внимание, независните добиле известување дека електронските државјанства имаат иста правна сила како и писмената форма на тие документи.
„Судот потврди: Државјанствата издадени преку порталот uslugi.gov.mk се валидни. Медиумскиот и граѓански притисок дава резултати. Министерот за Дигитална трансформација покажа дека е одлучен во напорите за дигитализација на институциите и употребата на електронски документи. Собирањето потписи е во тек и секој еден потпис е важен!“, објавија од „Шанса за Центар“.
„Шанса за Центар“ и независните од Карпош и од Гази Баба најавија дека ќе формираат партија за заеднички настап на локалните избори, a велат дека остануваат отворени за идејата кон субјектот да се приклучат и други граѓански активисти и иницијативи од целата држава.
За формирање политичка партија потребни се 1 000 граѓански потписи.